Костадинов: Нашите македонски браќа го разбираат само јазикот на силата, а партнерите во ЕУ јазикот на силните аргументи

од Nikola Popovski
571 прегледи

Крајнодесничарскиот бугарски политичари и лидер на партијата Преродба, Костадин Костадинов изрази цврста поддршка за заедничката бугарска позиција бранета во Европскиот парламент во врска со македонското прашање. Причината е Извештајот за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ. Бугарските функционери се особено горди на фактот дека од официјалниот документ беа избришани термините македонски идентитет и јазик.

„Нема многу моменти во кои можеме да покажеме единство, но во овој конкретен случај тоа е затоа што македонското прашање навистина бараше, продолжува да бара и секогаш ќе бара национално обединување“, рекол претседателот на Преродба.

Тој нагласил дека иако Бугарија продолжува да ги трпи последиците од француски предлог, сега за првпат земјата успеала да го наметне своето гледиште во Европската Унија:

„И покрај предавството што го изврши владата на ПП-ДБ со поддршка на ГЕРБ во врска со таканаречениот „француски предлог“, чии плодови, патем, моментално ги трпиме, сепак, благодарение на заедничките напори на сите пратеници претставени во мал парламент, Бугарија на крајот успеа да направи нешто што никогаш порано не се случило“, додал бугарскиот политичар.

Според Костадинов, постапките на претставниците на неговата партија во ЕП влијаеле врз формирањето на заедничкииот бугарски став.

„Нашите претставници цело време се обидуваат да го направат токму ова во Европскиот парламент – да го привлечат вниманието на другите бугарски европратеници дека нашите македонски браќа го разбираат само јазикот на силата, а нашите таканаречени партнери во Европската Унија – само јазикот на силните аргументи“.

Тој не го криел своето задоволство од постигнатото: „Успеавме заедно да направиме нешто што мислам дека ќе покаже дека е прерано Бугарија да биде отпишана, како што за жал е отпишана од геополитичката карта на светот со децении“.

Според него, ова не е победа за бугарската влада туку за целиот бугарски народ: „Честитки до сите што учествуваа во овој процес, до секоја од политичките партии, бидејќи ова не е победа за владата, ова е победа за целиот бугарски народ, претставен во Европскиот парламент“.

Слични содржини