Апасиев: „Оправданите причини” за Мицкоски да не дојде на опозициските пратенички прашања беа држење прес во Белата Палата

од Nikola Popovski
128 прегледи

Левица утрово реагира откако премиерот Христијан Мицкоски вчера повторно не се појави на седница за пратеничките прашања во Собранието, како што велат, избегнувајќи да одговора на опозициските прашања. „Оправданите причини за да не дојде на опозициските пратенички прашања денес беа држење прес во Белата Палата“, реагира пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.

Апасиев најави и дека партијата сериозно размислува за конкретен чекор кон ваквото неодговорно однесување, односно подготовка на законски предлог за инкриминирање на неодзивање на парламентарна покана како ново кривично дело во Кривичниот законик.

Според Апасиев, премиерот континуираното ја избегнува законската обврска да присуствува на седниците за пратенички прашања што претставува грубо непочитување на институцијата Собрание и девалвација на парламентарната демократија. Како што истакнува, „премиерот прво наместо да одговара – прашувал, потоа наместо да одговара – напаѓал, а последно наместо да одговара – бега“.

„Добар е, има време – ќе научи уставно уредување“, вели Апасиев и додава дека „ваква девалвација на институцијата Собрание се случува само под вмроидна чизма“.

Слични содржини