Италијанскиот гигант Фереро Рошер, веројатно најпознат по својот крем Нутела, го купи американскиот производител на снегулки ВК Келог. Со тоа, „под ист покрив“ ќе бидат Нутела, Киндер Буено, Тик-Так, Фростед Флејкс и Спешл К.
Ова е најголемото превземање направено од Фереро во последните неколку години, а се случува во време кога прехранбената индустрија бележи пад на продажбите поради трајно високите цени и ориентирањето на потрошувачите кон здравите производи.
За преземањето на акционерите на ВК Келог им се понудени по 23 долари за акција, што е 31% повеќе од цената на акцијата при затворањето на берзите вчера.
ВК Келог е издвоен од корпорацијата Келанова и го наследи северноамериканскиот сегмент на работење на оригиналната „Келог“. Келанова, производител на грицки, исто така е во процес на продажба. За 36 милијади долари сака да ја купи кондиторскиот гигант „Марс“.
„Фереро“, под раководство на извршниот претседател Џовани Фереро, во последните години прерасна во глобална групација, правејќи низа купувања. Во 2018 година, групацијата го презеде кондиторскиот бизнис на „Несле“ на северноамериканскиот континент за 2,8 милијарди долари.
Во изминатата деловна година, која заврши на 31 август 2024, групацијата Фереро Рошер имала приходи од 18,4 милијарди евра (19,2 милијарди долари).