Италијанците згрозени од навивањето за Ѓоковиќ. „Ова се срамни навреди кон Синнер, зошто го прават тоа!?“

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Светскиот број еден Јаник Синнер и Новак Ѓоковиќ попладне играат во полуфиналето на Вимблдон. Првиот натпревар на денот ќе се игра помеѓу Карлос Алкараз и Тејлор Фриц во 14:30 часот, а спектаклот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер е закажан да започне околу 17 часот.

Англиските медиуми со голем интерес го најавуваат натпреварот помеѓу Синер и Ѓоковиќ, а Дејли Меил отворено застана на страната на српскиот тенисер. „Кој верува во чист спорт ќе навива за Новак Ѓоковиќ“, пишува таблоидот, што наиде на огромни критики во Италија.

Потсетуваме дека претходно оваа година, Јаник Синер доби тримесечна суспензија поради земање допинг за кој тврдеше дека немал поим дека е во неговото тело. Синер, кој двапати беше позитивен на тестот во 2024 година, се договори со WADA и се согласи на тримесечна суспензија, а мислењата за таква казна беа многу поделени во тенискиот свет.

„Британскиот печат истура отров врз Синер, ова се шокантни написи. По неговата победа против Шелтон, Синер доби аплауз, даде скромно интервју и потпиша автограми. Тој одигра одличен натпревар и се чини дека неговиот лакт сепак не беше проблем, ниту пак анаболните стероиди за кои беше казнет.“ Потсетуваме – Синер „прифати“ тримесечна суспензија во договор со WADA, зошто такви напади?“, пишува Tuttosport и додава:

„Ваквите навреди и навивање за Ѓоковиќ се срамни. Ова е најновиот обид да се фрли сенка врз талентот на Синер, а имаше и такви на овој Вимблдон од страна на англиските таблоиди. Оваа рамнодушност кон Јаник е чудна, но тенисот е спорт кој оди напред“.

Слични содржини