Приведени тројца навивачи по синоќешниот натпревар на Вардар

од Nikola Popovski
43 прегледи

Полицијата привела три лица по завршувањето на синоќешниот натпревар од Конференциската лига меѓу Вардар и Ла Флорита, информираат од МВР.

-На 10.07.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Ф.Д.(19),  М.Г.(18) и А.З.(27), сите од Скопје, поради тоа што за време и по завршување на фудбалски натпревар на aрената „Тоше Проески“ во Скопје фрлале тврди предмети кон полициски службеници, лица во публиката, како и лица учесници на натпреварот.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, стои во билтенот на МВР.

Слични содржини