Трамп потврди: Испраќам „Патриот“ во Украина, НАТО ќе плати

Одлуката за испраќање системи Патриот е целосно свртување на политиката на администрацијата на Трамп.

од desk2
17 прегледи

Доналд Трамп, претседателот на САД, денеска потврди дека ја менува неговата политика кон војната во Украина и рече дека ќе испрати нови количества оружја во Украина, вклучително и моќните системи за противвоздушна одбрана „Патриот“. Испораката, според него, ќе оди посредно – преку НАТО, кој ќе ги финансира ПВО системите и ќе ги распредели трошоците меѓу членките.

„Ќе испратиме Патриот-и на НАТО, а НАТО ќе ги распредели понатаму… НАТО ќе ја рефундира цената“, рече Трамп во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си Њуз.

Одлуката за испраќање системи Патриот е целосно свртување на политиката на администрацијата на Трамп, а доаѓа во време кога Русија секојдневно врши огромни напади со крстосувачки ракети и јуришни и други дронови врз Украина.

Слични содржини