Арсовска видно вознемирена: Бев нападната со клоци пред очите на полицијата, добив закани дека ќе бидам силувана

од Nikola Popovski
499 прегледи

По излегувањето од ГОБ „8-ми Септември“, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во изјава за медиумите обелодени дека била нападната на подрачјето на општина Чаир откако со нејзиниот тим излегла на терен по пријава за бесправно градење. Станува збор за продолжена градба и затекнато е лице како краде струја, вода и нема платено данок ниту комуналии, без документи и одобрение.

-На лице место, едно од лицата кое претпоставувам дека е лично засегнато од градбата, прво почна со вербални напади, а потоа и физички ме нападна. Се приближија на местото припадници на МВР кои што на овој негов напад, пристапија со нежни зборови и кои само го поместија лицето кое продолжи да се заканува. Се закануваше и кон советниците. Не знам што друго да ви кажам освен дека ништо не функционира во државата, рече градоначалничката.

Арсовска видно вознемирена појасни дека била нападната со клоци и замавнувања пред очите на МВР.

-Закани со силување по мене и семејството. Наместо да биде веднаш приведен, му дозволија повеќе од половина час да се јавува по пријатели и да зборува и раскажува што ќе му прави на мене, моето дете и семејство. Се собираа уште десет лица во толпа со фрлање со столчиња, со плукање…МВР беа со нас на терен. 20 пријави имаше. Кога ме изудира човекот, таму беа полицајците, додаде градоначалничката.

Арсовска посочи дека „напаѓачот се јавил на 20 луѓе во МВР за да им каже што ќе ми правел на мене и моето семејство“.

Нападот се случува откако таа на 31 мај достави документи за незаконски легализации на дивоградби во Обвинителството, а на 27 јуни до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) достави докази за нови, како што рече, криминални легализации од градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Слични содржини