ВМРО-ДПМНЕ: СДСM се сведе заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Арсовска

од Nikola Popovski
11 прегледи

„Некогаш големата СДС се сведе заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата од СДСМ за вчерашниот инцидент со градоначалничката на Град Скопје.

Според партијата на власт, партијата во опозиција, во точно три случаи се јавува во јавноста за Арсовска.

„Првиот кога ја напаѓаше дека таа е неспособна и има бугарско државјанство. Вториот случај, кога во опозиција ја користеше за напаѓање на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. И третиот случај, кога заедно со Бугарите ја брани Данела“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека скопјани ја препознаваат вистината и знаат што стои во позадина.

На крајот на кусата реакција, владејачката партија повика на расветлување на вчерашниот инцидент во Чаир, како и на случајот со дивоградбите.

Претходно, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска порача дека вчерашниот инцидент во кој беше нападната градоначалничката на Скопје го потврди она што како партија го говореле со месеци. Според неа, со доаѓањето на, како што вели, ВМРО-МВРО на власт, во Македонија преку ноќ се појавија организирани криминални групи кои се чувствуваат недопирливи, затоа што се заштитени од власта. Таа побара неотповиклива оставка на министерот Панче Тошковски.

Слични содржини