Легендарниот холандски фудбалски тренер, Луј ван Гал, објави дека го победил ракот на простата и успешно се опоравува од болеста. Ван Гал, кој има 73 години, изјави дека се чувствува подобро, иако сè уште оди на редовни лекарски прегледи.
Во емисијата „Умберто“, тој откри дека болеста повеќе не го мачи.
Во април 2022 година, додека по трет пат беше на чело на холандската репрезентација, јавно откри дека се лекува од агресивна форма на рак на простата.
Се пензионираше од клупата на Холандија по Светското првенство во Катар истата година.
За време на лекувањето, Ван Гал работеше и како консултант во Ајакс.
Во богатата тренерска кариера, Ван Гал го предводеше Ајакс до титулата во Лигата на шампионите во 1995 година, а тренираше и гиганти како Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.