📽 Убиени две жени во напад врз црква во Кентаки, еден полицаец е ранет

Според извештаите, ранетиот полицаец по добиената медицинска помош е во стабилна состојба.

од desk2
6 прегледи

Две вернички (72-годишна и 32-годишна) се убиени вчера во напад од огнено оружје. Напаѓачот претходно пукал во полицаец и го ранил, по што украл автомобил со кој дошол до Баптистичката црква Ричмонд Роуд во градот Лексингтон, Кентаки.

Се верува дека напаѓачот имал одредена поврзаност со верниците во црквата. Во тој напад, двајца мажи во црквата се ранети, а по испуканите први куршуми, полицајците што го прогонувале пиштолџијата пукале во него и го убиле. Еден од ранетите мажи е во критична, а другиот во стабилна состојба .

Инцидентот почнал кога сообраќаец го сопрел напаѓачот за рутинска проверка, Овој пукал во него, потоа излегол од возилото и украл второ возило, со кое бегал од полицијата сѐ до црквата.

Гувернерот на Кентаки на социјалната мрежа Х напиша дека „насилство од ваков вид нема свое место во нашата заедница или земја“.

Според извештаите, ранетиот полицаец по добиената медицинска помош е во стабилна состојба.

Слични содржини