Фетаи: Пратениците на Таравари ја предадоа волјата на народот, вратете ги мандатите

Фетаи ги повика пратениците од крилото на Таравари да ги вратат мандатите

од Nikola Popovski
17 прегледи

Вицепремиерот и член на едното од трите крила на Алијанса за Албанците, Арбен Фетаи ги повика тројцата пратеници на АА од крилото на Арбен Таравари – Халил Снопче, Садик Беќири и Ријад Шаќири, да ги вратат мандатите што ги освоиле, како што вели, во име на промените, бидејќи според него нивната партија оди на избори во коалиција со ДУИ.

Во соопштение објавено на социјалните мрежи, Фетаи ги опиша нивните постапки како предавство на волјата на членството на АА и над 107.000 граѓани кои гласаа за коалицијата ВЛЕН на последните избори.

„На лагите им се кратки нозете. Пред да помине дури еден месец, маските паднаа од предавниците на волјата на членството на АА и 107.000 гласачи на коалицијата ВЛЕН. Халил, Садик и Ријад – ако ви останало достоинство, вратете ги мандатите што ги освоивте во име на промените! Народот гласаше за вас за да ја однесете ДУИ во опозиција, а не да седите во скутот на Али Ахмети“, објави Фетаи.

Слични содржини