Лога: Единствената „заслуга“ на Владата за Коридорот 8 беше обидот да го одложи и саботира

Владата се обидуваше да го одложи и саботира Коридорот 8, тврди Лога

од Nikola Popovski
124 прегледи

Членот на Алијанса за Албанците од крилото на Зијадин Села и екс-министер за правда, Кренар Лога го искажа својот став околу плановите на Владата за Коридорот 8. Според него, „единствената заслуга на оваа влада во врска со Коридорот 8 беше обидот да го одложи, стопира и саботира“.

-Само благодарение на поранешното парламентарно и владино мнозинство, проектот беше изгласан во Собранието, усогласен со сите западни партнери (САД, ЕУ, НАТО) и стана неизбежен. Кога видоа дека не можат да променат ништо, почнаа да ги рецитираат поемите на ВМРО. Како што се случи со овој проект, така и во октомври ќе го спасиме ВЛЕН од ВМРО и ВМРО од „Српски свет“, објави Лога.

Од завчера во употреба се пуштени 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, и тоа од селото Врбјани кон Охрид, со исклучок кај селото Ботун. Проектот е дел од Коридорот 8, а го изведува кинеската компанија „Синохидро“.

Слични содржини