Откако претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера се закани дека ќе воведе царини од 100% за Русија доколку официјална Москва во рок од 50 дена не постигне договор за прекин на огнот со Украина, се огласи и рускиот функционер и поранешен претседател и премиер на Русија, Дмитриј Медведев.
Тој во краток коментар на социјалните мрежи го опиша ултиматумот од Трамп како „театрален“.
„Трамп постави театрален ултиматум на Кремљ. Светот се затресе, очекувајќи последици. Воинствена Европа е разочаран. На Русија не ѝ е гајле“, порача Медведев.
Постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витекер за американската „Фокс Њуз“ порача дека ја чека реакцијата на рускиот претседател Владимир Путин.
„Очигледно е дека тој ќе реагира. Не само на фактот дека американското оружје стана лесно достапно на Украинците на штета на Европа. Ќе реагира и на царините за Кина, Индија и другите што ја купуваат неговата нафта“, вели Витекер.