ВЛЕН: За еден ден оваа влада направи повеќе за Албанците отколку ДУИ за цел мандат

За еден ден постигнавме повеќе конкретни добивки за Албанците отколку што ДУИ испорача за цел мандат, порачаа од ВЛЕН

од Nikola Popovski
34 прегледи

ВЛЕН преку соопштение утрово се пофали дека како дел од Владата „донела повеќе одлуки од суштинска корист и значење за Албанците во државата отколку што која било влада на ДУИ успеала да донесе во цел еден мандат“. Според коалицијата, овие резултати се доказ дека кога Албанците се вистински застапени на масата за одлучување, ветувањата стануваат дело, а декларациите – конкретни подобрувања во секојдневниот живот.

-Вчера беа донесени следните одлуки:

Закон за средни училишта на верските заедници.
За прв пат исламското средно училиште, Медресето “Иса Беу” Скопје добива јасен правен статус, чекор што ДУИ го ветуваше, но никогаш не го оствари.

 

Нов Закон за игрите на среќа
Коцкарниците и кладилниците се дислоцираат далеку од младите луѓе. Оваа мерка штити млади животи и семејни буџети од зависност, тема на која ДУИ молчеше со години.

 

205 милиони евра за здравствена инфраструктура, каде е предвидено и целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, изградба на нова болница во Кичево, инвестиции што ќе обезбедат достоинствено лекување таму каде што живее мнозинството албанско население.

 

110,5 милиони денари за нов водовод во Љуботен и Љубанци (Општина Бутел)

Долгоочекуваното решение за чиста вода во предел каде што живеат многу албански семејства конечно станува реалност, наместо политичка флоскула.

 

Санација на спортски терени во сите населени места
Создаваме здрави услови за младите, мотивирајќи ги да изберат спорт, а не пороци, нешто што децении беше оставено во запуштеност, стои во соопштението од ВЛЕН.

 

Од коалицијата истакнуваат дека ВЛЕН ветила работа и носела резултати.

-За еден ден постигнавме повеќе конкретни добивки за Албанците отколку што ДУИ испорача за цел мандат. ВЛЕН ќе продолжи со истото темпо: реални промени, видливи за секое семејство, во секое населено место, стои во реакцијата на ВЛЕН.