Затворски полицаец се обидел да внесе дрога во „Идризово“

„Падна“ полицаец - сакал да внесе дрога во „Идризово“

од Nikola Popovski
45 прегледи

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога.

-Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека во пакувањата има растителна материја и бела прашкаста материја, појаснуваат од МВР.

Х.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.