Конечно паднаа рампите: Бугарија ќе ги одзема автомобилите на пијаните и издрогираните

од desk2
78 прегледи

Уставниот суд на Бугарија денеска донесе одлука дека мерката за одземање на автомобилите од возачите што ќе бидат фатени зад волан под дејство на алкохол или опојни дроги не се е противуставна, со што падна рампата за примена на оваа мерка за која бугарската власт се надева дека ќе помогне во справување во горливиот проблем.

Мислење од Уставниот суд за законот побара Врховниот касациски (Апелациски) суд.

Ако се во нивна сопственост, автомобилите во кои ќе бидат фатени возачи што се под дејство на алкохол или дрога ќе се конфискуваат. Ако пак возачите не се сопственици на возилата, ќе мора во државниот буџет да уплатат сума еднаква на проценетата цена на автомобилот.

Седум уставни судии гласале „за“, а петмина имале друго мислење. Според мнозинството судии, мерката ќе ги штити безбедноста, животот и здравјето на граѓаните при движење по патиштата. Според судот, пристапот на бугарскиот законодател не е поразличен од практиката во поголемиот дел членки на ЕУ: