Ердоган со остра реплика за Израел: Нема да бидеме неми набљудувачи на распарчувањето на Сирија

од desk2
28 прегледи

Реџеп Тајип Ердоган, претседателот на Турција, порача дека иако Израел ги користи сириските Друзи како изговор да навлегува на територијата на Сирија, Турција тоа нема да го дозволува. Ердоган смета дека Друзите, кои ги има и во Израел и на окупираните територии на Израел, не може да се користат како оправдување на ширење на територијата на разбиената од повеќе од 10 години војување Сирија.

„Израел, користејќи ги Друзите како изговор, во изминатите два дена го прошири своето разбојништво на соседна Сирија. Израел е беззаконска, непринципиелна, арогантна и терористичка држава“, нагласи претседателот на Турција.

Ердоган вели дека неговата земја нема да дозволи поделба на Сирија, ниту пак нарушување на нејзиниот мултикултурен карактер и територијален интегритет, откао израелските власти се обидоа да го ескивираат прекинот на огнот во Сирија, најавен од Државниот секретар на САД, Марко Рубио.

Зборувајќи по вчерашната седница на Кабиентот, Ердоган порача оти најновите дејствија на Израел покажуваат дека таа држава не сака мир, сигнализирајќи дека е можно турската моќна воена машинерија да биде активирана во Сирија, како што се случуваше претходно во текот на граѓанската војна додека со земјата владееше Башар ал Асад.

Тој остро ги нападна израелските воени операции и го нарече Израел само „минувач“ во регионот.
„Не се согласивме вчера на фрагментација на Сирија, нема да се согласиме ни денеска, ни утре. Стабилна Сирија значи стабилност за сите соседни земји, во спротивно сите ќе ги сносиме последиците. Оние што сигурна иднина бараат по пат на угнетување и масакр не смее да го заборават следново: тие се само минувачи. Ние сме вистински припадници на оваа земја“, рече Ердоган.

Израел изврши нови удари врз Сирија

Слични содржини