📷Малолетникот кој загина на патот Охрид-Св. Наум бил млад фудбалер, клубот се прости од него

Тешка сообраќајка кај Охрид, загина млад фудбалер

од Nikola Popovski
45 прегледи

Малолетникот од Охрид кој загина во текот на вчерашниот ден откако со мопед излета на регионалниот пат Охрид-Св. Наум и удри во метален столб е младиот фудбалер на ГФК Охрид, Анастас Каровски.

Локалниот клуб се прости од него со порака на социјалните мрежи.

Почивај во мир, ангелу, се вели во пораката на социјалните мрежи на „ГФК Охрид“.


Според информациите од СВР Охрид, незгодата се случила вчера наутро во 1:40 часот кога на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот „Парк“, мопедот управуван од 16-годишникот, излетал од коловозот и удрил во метален столб.

Притоа малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Службата за итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил и сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, кој е префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.

Слични содржини