Цената на нафтата се покачи за 1,5%

Во меѓувреме, пазарот на дизелот е многу активен.

од desk2
10 прегледи

Цената на „Брент“ нафтата денеска се покачи на 70 американски долари за барел, што е поскапување од 1,5%. Порастот, пишува „Блумберг“ се должи на воведувањето на 18. пакет санкции на ЕУ против Русија.

Покачувања на цените на нафтата во континуитет има од почетокот на мај. Финансиските аналисти „Морган Стенли“ и „Голдман Сакс Груп“ тврдат дека иако светските резерви на сурова нафта растат, нивното зголемување е во региони што немаат големо влијание на формирањето на цената.

Во меѓувреме, пазарот на дизелот е многу активен.

Слични содржини