Еднаш не му дозволиле влез, вториот пат Мароканец влегол во Хрватска – на педалинка!

од desk2
37 прегледи Photo by Berna T.: https://www.pexels.com/photo/couple-in-pedalo-on-sea-coast-20621312/

Марокански државјанин бил уапсен вчера наутро од хрватската полиција на полуостровот Превлака поради незаконски влез во Хрватска, јавија хрватските медиуми. Тој во Хрватска дошол од Црна Гора – на педалинка!

Откако стигнал на полуостровот, полицијата бргу го пронашла и идентификувала 53-годишниот Мароканец. Бидејќи во пасошот немал виза за Европската економска зона ниту граничен хрватски штембил, извршена е уште една проверка, при што е откриено дека тој се обидел да влезе во Хрватска и на 7 јули, но тоа не му било дозволено поради неисполнети услови.