Фатени 206 кг кокаин на бугарско-турската граница, приведен дипломат

Дрогата, со проценета вредност од околу 20 милиони евра, била откриена во комбе со белгиски регистарски таблички.

од desk2
16 прегледи Фотографија: МВР на Бугарија

Бугарските гранични власти заплениле речиси 206 килограми кокаин на границата со Турција и уапсиле три лица, меѓу кои и дипломат од Демократската Република Конго акредитиран во Белгија.

Дрогата, со проценета вредност од околу 20 милиони евра, била откриена во комбе со белгиски регистарски таблички, скриена меѓу лични предмети во пет куфери. Имало вкупно 179 пакувања кокаин.

Станува збор за најголема заплена на кокаин на бугарска копнена граница досега.

Уапсени се 40-годишен дипломат од Конго, 54-годишен белгиски државјанин и 43-годишен Бугарин кој управувал со возилото.