Илјадници патници блокирани на руски аеродроми поради украински напади со дронови

Поради истата причина се пуштени дополнителен број возови меѓу Москва и вториот најголем град во Русија, Санкт Петербург.

од desk2
10 прегледи

Нападите со дронови од Украина врз цели во Русија во последните два дена резултираа со затворање на сите четири московски аеродроми: Шереметјево, Внуково, Домодедово и Жуковски, па утрово илјадници патници се блокирани на аеродромите. Други илјадници патници чекаат на аеродромите во Сибир и Блискиот Исток поради затворањето на воздушниот простор над Западна Русија.

Поради истата причина се пуштени дополнителен број возови меѓу Москва и вториот најголем град во Русија, Санкт Петербург.

Руските власти соопштија дека вчера од полноќ на руска територија попладне биле соборени 117 дронови, а од вчеравечер уште 172 дрона. Во секоја од тие акции на руската противвоздушна одбрана кај Москва биле соборени по 30 украински дронови.