Балканска земја се подготвува за војна? – Оружје вредно 620 милиони долари пристигнува од Америка

од Весна Петровска
43 прегледи

Американскиот Стејт департмент ја одобри потенцијалната продажба на крајбрежниот систем за противракетна одбрана (NOMADS) и испраќа опрема на Бугарија, во вредност од околу 620 милиони долари (околу 530 милиони евра), објави Пентагон.

Во соопштението на Пентагон, кое го објави Ројтерс, се наведува дека системот за противракетна одбрана ќе го обезбеди компанијата „Конгсберг Дифенс“ (Kongsberg Defense and Aerospace AS), која е водечки снабдувач на одбранбени системи во Норвешка и е во сопственост на норвешката влада.

NOMADS е мобилен систем за воздушна одбрана за распоредување поблиску до фронтовската линија и се користи за одбрана од беспилотни летала и крстосувачки ракети.

Слични содржини