Метео-аларм во Грција: Температурите ќе се искачат до 45 степени

Се препорачува да не се возат возила што немаат климатизер. Ваквата препорака ќе трае барем до крајот на оваа семица.

од desk2
42 прегледи

Грчките власти издадоа предупредување за денеска, поради очекуваниот екстремно жежок ден, со температури до 45 Целзиусови степени. Вчера температурите се искачија до 40 степени, а во текот на ноќта не паднале под 30 Целзиусови степени.

Зголемен е бројот на дежурните болници, Граѓанска Заштита испраќа предупредувања на мобилните телефони на туристите за ризик од високи температури. Во текот на пладневните часови, затворени ќе бидат сите археолошки локалитети.

Се препорачува да не се возат возила што немаат климатизер. Ваквата препорака ќе трае барем до крајот на оваа семица.

Во јуни, поради невообичаено високите температури, во Грција починале 175 лица од последиците на жегата и поради неодговорно однесување.

За сите капацитети што нема да ја почитуваат наредбата за работа на отворено, се предвидени казни до 2.000 евра.

Жешкиот бран во Грција ќе продолжи до сабота.

Во Грција стартува новата такса за туристите на крузери

Слични содржини