ВИДЕО: Полицајци во Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведен маж поради сомнение за посредување на проституција

од Milan1
99 прегледи

Полициски службеници од СВР Тетово спасија млада девојка која сакала да скокне од прозорец на мотел во Тетово и да си го одземе животот.

Денес, во 14:35 по претходна пријава од Л.К., дека по недоразбирање со женско лице кое не сака да го напушти мотелот, од страна на полициските службеници од СВР Тетово на лице место било констатирано дека женско лице стоело на работ на прозорот од собата на хотелот со закана дека ќе скокне или ќе се самоповреди со остар предмет кој го држела во раката.

По наредба на јавен обвинител полициските службеници насилно ја отвориле вратата на собата и ја спречиле девојката во својата намера.

Таа е пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош. Во меѓувреме полицијата го лишила од слобода Л.К. под сомнение за посредување на проституција. Во акцијата еден полициски службеник е полесно повреден.

По завршување на истрагата, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.