ЕУ одобри контратарифи за 93 милијарди евра американска стока! Се чека 7 август и епилогот од преговорите

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Земјите-членки на Европската унија денес гласаа за одобрување на контратарифи за 93 милијарди евра американска стока, изјавија дипломати од ЕУ.

Тие додадоа дека контратарифите би можеле да бидат воведени доколку блокот не успее да постигне трговски договор со Вашингтон, објави Ројтерс.

Како што беше објавено вчера, ЕУ и Соединетите Американски Држави се блиску до постигнување трговски договор што вклучува воведување на тарифи за стоки од ЕУ увезени во САД во износ од 15 проценти наместо најавените 25 проценти, објави Фајненшл тајмс.

Европската комисија вчера соопшти дека нејзин главен фокус е постигнување договор со Вашингтон за да се избегнат американските тарифи од 30 проценти што американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги примени од 1 август.

Комисијата соопшти дека паралелно ќе продолжи со плановите за потенцијални контрамерки, спојувајќи два пакета предложени тарифи од 21 милијарда евра и 72 милијарди евра и доставувајќи го тој единствен пакет до земјите-членки на ЕУ за одобрување.

Никакви контрамерки нема да стапат во сила до 7 август, забележува Ројтерс.

Слични содржини