ВМРО-Народна партија на екс-премиерот Љубчо Георгиевски ги информираше сите членови, симпатизери и граѓани на Тетово дека на претстојните локални избори во октомври, партијата ќе настапи самостојно со сопствена советничка листа, како и со кандидат за градоначалник на Општина Тетово.
Од партијата соопштија дека ќе понудат кандидат со обединувачки капацитет, кој има визија за модерно Тетово.
-Во оваа прилика им порачуваме на сите Македонци и на останатите граѓани на Тетово дека во ВМРО Народна партија секогаш ќе имаат партнер од доверба, кој никогаш нема да ги изневери интересите на македонскиот народ во овој дел од Македонија. Истовремено упатуваме порака и до градоначалникот Билал Касами: Тетово секогаш бил и во иднина ќе биде македонски град. Во претстојниот период, по распишување на Изборите, ВМРО Народна партија ќе направи свечена промоција на кандидатите за советници и на кандидатот за градоначалник на Општина Тетово, за што благовремено ќе бидете известени, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Актуелниот градоначалник и еден од лидерите на ВЛЕН, Биљал Касами ќе се кандидира за уште еден мандат во Општина Тетово на локалните избори што ќе се одржат во октомври. Ова неодамна го објавија од владеачката коалиција.
Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија –НОАВМ и граѓани продолжувачи од Тетово изразија загриженост и упатува реакција по одлуките на најголемите македонски политичките партии ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ да се откажат од кандидирање градоначалник на Општина Тетово.