Русија погоди болница во Харкив, најмалку едно лице загинало

Гувернерот на Харкивската обалст, Олех Синехубов, соопшти дека четири лица се хоспитализирани.

од desk2
15 прегледи Фотографија: Олех Синехубов, гувернер на Харкивска Област

Руската војска во денешниот напад со „лизгачки“ бомби на градот Харкив на североистокот на Украина, погодила и болница, при што има најмалку еден загинат, а повредени се 12 лица, вклучувајќи и дете, јавија локалните власти.

Нападот се случил во 11.40 часот по локално време, во индустрискиот дел на Харкив. Бомбата ја погодила болницата и го пробила покривот на зградата. Оштетена е и соседна куќа.

Гувернерот на Харкивската обалст, Олех Синехубов, соопшти дека четири лица се хоспитализирани.

Во последните месеци Москва ги засилува нападите на Харкив, вториот по големина украински град, кој е на само 20 километри од границата со Русија, како и нападите на другите помали места во Харкивската област.

И вчера Русија го нападна Харкив со две „лизгачки“ бомби, при што беше погодена станбена зграда, а повеќе од 40 луѓе беа повредени.

📽 Руските сили го бомбардирале и Харков, најмалку 33 лица повредени