Трамп сака да ги тргне бездомниците во САД од улиците

Според портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, тоа „ќе им помогне на Американците да се чувствуваат безбедно“ и ќе осигури помош за луѓето со зависности и психички растројства.

од desk2
13 прегледи

Доналд Трамп, претседателот на САД, вчера потпиша извршен указ со кој им се олеснува на градовите и сојузните држави да ги отстрануваат бездомниците од улиците. Според министерството за домување и градски развој на САД, во земјата има малку повеќе од 770.000 бездомници.

Според портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, тоа „ќе им помогне на Американците да се чувствуваат безбедно“ и ќе осигури помош за луѓето со зависности и психички растројства.

Во претседателскиот указ се ангажира федерално финансирање за преместувањето на луѓето до улиците, коишто „создаваат општествено нарушување и страдаат од сериозни психички болести или зависности“, во „центри за лекување, асистирано амбулантно лекување или во други установи“.

Во март, Трамп ја повика градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, да „ги исчисти тие грозни кампови за бездомници во градот, посебно тие кај Стејт департментот и близу Белата куќа.

„Ако таа не е способна да го направи, ние ќе бидеме принудени да го направиме тоа наместо неа“, рече Трамп.

Слични содржини