Европски олимписки комитет: ЕМОФ Скопје 2025 беше екстремно успешен Европски младински олимписки фестивал

од Vladimir Zorba
17 прегледи

„Имавме фантастична недела за европскиот спорт, 4.000 атлетичари се натпреваруваа овде во Скопје во 15 спортови. Тие покажаа дека на спортот во Европа добро му оди. 40 од 49 национални олимписки комитети кои се натпреваруваа овде добија медали, што покажа дека спортот се движи во добра насока во цела Европа. Условите во спортските објекти беа одлични. Имавме мали проблеми со времето, бидејќи беше премногу жешко, но тоа е проблем сега поради климатските промени и не можеме да преземеме нешто околу тоа. Но, сè на сè, а и она што е најохрабрувачки за нас е дека атлетичарите се многу среќни. Се забавуваа секоја вечер, ги уживаа пријателствата меѓу нив, но и стекнаа пријатели од другите тимови. На крајот на денот морам да кажам дека ова беше екстремно успешен Европски младински олимписки фестивал”, оцени Првиот човек на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос.

Вчеравечер и официјално беше затворено 18. издание на ЕМОФ, а повеќе од 4000 спортисти од 50 делегации имаа еднаква можност да се натпреваруваат во 15 спорта, при што 40 делегации си заминаа дома со медали, што е одличен показател дека европскиот младински спорт оди во позитивна насока.

Слични содржини