Левица прашува каде завршија еден милион евра: „За крахот на ЕМОФ одговорност мора да се понесе“

Вакво оградување од сопствените обврски стана препознатлив белег на функционерите од ДПМНЕ, но овојпат тоа се случува во контекст на настан од европско ниво за кој беа пријавени околу 4.000 млади спортисти и за кој беа потрошени милиони евра и од државниот буџет.

од Vladimir Zorba
46 прегледи

„Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), којшто деновиве се одржуваше во Скопје и Куманово, наместо спортски празник и момент на гордост, се претвори во организациски хаос, понижување за нашата земја и нова епизода на бегање од одговорност“, стои во соопштението на Левица.

„Иако Владата на ДПМНЕ само што дојде на власт веднаш отвори ново Министерство за спорт, денеска, по фијаското со организацијата на ЕМОФ, министерот Борко Ристовски апсурдно се обидува да се прогласи за ненадлежен иако фактите и логиката го велат спротивното!

Не само што пред само неколку месеци лично ветуваше дека Македонија ќе биде одличен домаќин и дека Министерството и Владата силно стојат зад овој настан, туку сега, кога спортисти колабираа во несоодветни сали, се асфалтираа улици непосредно пред натпревар, кога учесници плаќаат енормни суми за мизерни услови и кога дури ни скопјани не знаеја дека нивниот град е главен домаќин на ваков голем настан – министерот Ристовски, кој се сликаше до моментот на отворањето на настанот, сега активно се обидува да се дистанцира од организацијата и настојува да ја убеди јавноста дека неговото Министерство нема ништо со ова фијаско.

Кога Министерството за спорт бега од одговорност за еден од најголемите спортски настани во земјата, со илјадници млади учесници и милионски буџет останува логичното прашање: За што тогаш постои ова Министерство? Како може министерот да дозволи вака срамно и непрофесионално претставување на државата на меѓународна сцена?

Вакво оградување од сопствените обврски стана препознатлив белег на функционерите од ДПМНЕ, но овојпат тоа се случува во контекст на настан од европско ниво за кој беа пријавени околу 4.000 млади спортисти и за кој беа потрошени милиони евра и од државниот буџет.

Министерот Ристовски е должен да одговори:

– Каде заврши финансиската поддршка од еден милион евра што беше директно побарана од претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски?

– Дали ги следи случувањата во МОК и дали ќе побара одговорност од претседателот Димевски меѓудругото и за непотизмот, односно трансформацијата на МОК во семејна фирма?

Ова не е првпат Левица да укажува за скандалите на МОК и претседателот Димевски – поранешен советник на Зоран Заев, со сериозни индиции за криминален багаж и осомничен за злоупотреба на спортските ваулери. Она што е уште пострашно е што и самиот Борко Ристовски, додека беше во опозиција, зборуваше за овие криминали, особено за плацевите на „Кале” и изјавуваше дека претседателот може „лесно да се реши”. Но денес, молчи. Не само што не постапува и не упати една критика за МОК и претходно толку критикуваниот претседател… напротив, се слика со организаторите, оправдувајќи го целиот хаос.

Овој срамен настан мора да биде темелно истражен и подложен на ревизија од надлежните институции! На државен срам не може да се одговара со бегање и оградување. За крахот на ЕМОФ одговорност мора да се понесе.

Борко Ристовски, како поранешен голман, треба да знае дека кога екипата претрпува тежок пораз, најповикан е селекторот, без разлика на неговите намери.

Слични содржини