„Андон Јанев- Ќосето е историска маргинална но длабоко контраверзна личност. Ваков споменик не треба да биде поставен каде било, а најмалку во Скопје. Неговото место, може да е само во соодветно поглавје од македонската историја, поткрепено со историски извори. На Скопје не му треба ново споменично лудило туку реализација на проекти и подобрување на животот на скопјани. На скопјани им треба чисто Скопје со функционални претпријатија, обнова на јавниот превоз, да живеат во метропола во која може да стигнат навреме и без нервози. На Скопје му треба запирање на урбанистичкиот хаос, целосна обнова на постојната инфраструктура на градот и враќање на културата, животот и урбаниот дух на Скопје, кој толку многу недостига“, се вели во партиското соопштение од „Бихаќка“.

Споменикот на Андон Лазов-Ќосето претходно беше поставен кај Судската палата во 2014 година кога скопски градоначалник беше Коце Трајановски. Следниот градоначалниок Петер Шилегов го отстрани во 2018 година, со образложение дека бил дивоградба.