Гостиварец се обидел да убие газда на продавница со нож

од Nikola Popovski
26 прегледи

Гостиварец му нанел тешки повреди на сограѓанин со нож, објавија од полицијата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.М.(38) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид.

На 24.07.2025 во продажно место во Гостивар, пријавениот со остар предмет му нанел повреда на сопственикот на објектот.