Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски информира дека цената на топлинска енергија во Скопје ќе остане иста како и во претходните месеци од годината. Според него, се продолжи важењето на постоечките цени на трите системи во главниот град.
Како што додава, ова не е првпат РКЕ да носи одлука во месец јули. Истото се случи и во 2023 година.
Инаку со последната одлука од 1 февруари цената за потрошувачите на топлинска енергија во Град Скопје беше зголемена за 5,03 %, како резултат на зголемената цена на природниот гас на светските берзи за 16 % во последниот квартал од 2024 година.