Челси е заинтересиран да потпише со играчот од средниот ред на РБ Лајпциг, Чави Симонс. Според информациите на Островот, англискиот клуб се договорил за личните услови со 22-годишниот Холанѓанец.
Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, бил вклучен во преговорите. РБ Лајпциг сака да добие до 80 милиони евра за играчот.
Во сезоната 2024/25, Симонс постигна 10 гола и имаше 8 асистенции во 32 настапи за „биковите“ во сите натпреварувања. Неговиот договор со германскиот клуб важи до 30 јуни 2027 година.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува трансферната вредност на играчот на 70 милиони евра.