📸Огромно засилување во Минхен: Баерн го претстави Луис Дијаз – Ливерпул инкасира 66 милиони фунти!

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Поранешниот играч на Ливерпул, Колумбиецот Луис Дијаз, потпиша договор со Баерн до 30 јуни 2029 година, објави денес клубот од Минхен.

Дијаз ќе го носи дресот со број 14 во редовите на шампионите на Бундеслигата. Финансиските детали не беа објавени, но британските медиуми објавуваат дека Баерн платил 65,5 милиони фунти за овој трансфер.

„Многу сум среќен. Многу ми значи што станав дел од Баерн, тоа е еден од најголемите клубови во светот. Мојата цел е да ја освојам секоја титула, а како тим ќе работиме на тоа секој ден“, рече Дијаз по потпишувањето на договорот.

Дијаз (28) беше член на Ливерпул од 2022 година, а пред тоа играше за Порто, Атлетико Жуниор и Баранкиља. Колумбискиот фудбалер одигра 50 натпревари за клубот од „Енфилд“ во сите натпреварувања минатата сезона и постигна 17 голови.

Одигра 64 натпревари за колумбиската репрезентација и постигна 19 голови.