Шпанската Ла Лига го отфрли барањето на Реал Мадрид за одложување на натпреварот од првото коло против Осасуна поради замор предизвикан од нивниот настап на Светското клупско првенство.
Адвокатите на Реал двапати побараа од Ла Лига да го одложи натпреварот против Осасуна, закажан за 19 август, и двата пати добија негативен одговор.
Утрово официјално беа информирани дека ќе мора да играат на тој датум, а на овој начин шпанската Ла Лига покажа сериозност.
Реал побара подолга пауза и повеќе време за подготовка по настапот на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави, кое го завршија на 9 јули со пораз од ПСЖ во полуфиналето.
„Реал Мадрид ќе има минимален број денови за одмор пропишан со прописите, што е 21 ден. Тие ја завршија сезоната на 9 јули, а на 10-ти се вратија во Шпанија и го започнаа одморот на 11-ти. Сега имаат време да се подготват за првиот натпревар во Ла Лига“, рече претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, потсетувајќи дека финалистите на Светското клупско првенство, Челси и ПСЖ, исто така ќе ги започнат своите првенства според планираното.