НБ: Депозитите во однос на кредитите се повисоки за 1.500.000.000 евра

од Vladimir Zorba
45 прегледи

Со годишна стапка на раст за скоро 13%, вкупната депозитна база се доближи до 10 милијарди евра – истриски највисоко ниво на штедни влогови.

Споредбената анализа на „Бизнис Инфо” покажува дека депозитите во однос на кредитите се повисоки за 1 500 000 000 евра. Интересно е дека во јуни, месечниот раст на депозитите на граѓаните изнесува 0 (односно нема пораст).

Најновите мерења на Народната банка покажаа дека на годишно ниво, пораст има и на депозитите на домаќинствата и на оние на коропоративниот сектор, со што вкупните депозити на крајот на јуни испорачаа пораст за 12,9%.

Споредбата на податоците во однос на претходниот период покажува дека годишната стапка на раст во јуни е највисока на квартално ниво од почетокот на 2024 -та година.