Лога покренува дилеми околу утрешното недоаѓање на Гаши во „Прохор Пчински“: Дали се замолчува албанскиот јазик?

од Nikola Popovski
435 прегледи

Поранешниот министер за правда и член на Алијанса за Албанците од крилото на Зијадин Села, Кренар Лога, реагираше преку објава на социјалните мрежи, посакувајќи му брзо закрепнување на претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој нема да биде присутен на државната манифестација по повод Илинден во манастирот „Прохор Пчински“.

Лога се сомнева дека отсуството на Гаши можеби не е само од здравствени причини, туку може да биде дел од трендот за, како што смета, избегнување на употребата на албанскиот јазик на важни симболични настани за државата.

„Дали неговото отсуство од говорот по повод Илинден во манастирот Прохор Пчински е само од здравствени причини или ова е нов начин да се замолчи албанскиот јазик во најсимболичните моменти на државата?“, напиша Лога.

Екс-министерот, како што вели, се надева дека е случајност, но потсетува дека „историјата нè учи да не бидеме наивни“.

Од Собранието веќе соопштија дека потпретседателката Весна Бендевска ќе го замени Гаши на утрешната свечена церемонија. Спикерот неодамна беше кратко задржан во болница поради болки во стомакот предизвикани од преплет на црева.

Слични содржини