Бразилски државјанин бил нападнат и ограбен на подрачјето на скопска Гази Баба, информираат од МВР.
„На 31.07.2025 во 11 часот во СВР Скопје, Г.А.(38) од Бразил пријавил дека на 30.07.2025 околу 22.30 часот на подрачјето на Гази Баба, две лица физички го нападнале и му одзеле пари, се наведува во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.