Двајца мотоциклисти изгубиле контрола и излетале од патот

од desk2
13 прегледи

МВР соопшти за две несреќи што се случиле вчера попладне и ноќеска, во кои се повредени мотоциклисти.
Така, вчера 16:20 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на локалниот пат за село Скудриње, на влезот во селото, Н.Б.(48) од с.Скудриње, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски таблици, изгубил контрола и излетал од патот.

Н.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Дебар. Увид на лице место извршила увидна екипа при ОВР Гостивар.

Вторио инцидент се случил ноќеска околу 00:50 часот на регионалниот пат село Мрежичко-Кавадарци, С.Р.(23) од селото Бојанчиште, Кавадаречко, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Р., констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Слични содржини