Tesla престанува да прима нарачки за Model X и Model S во Европа

Tesla Model S и Model X, автомобили кои некогаш поставуваа стандарди во индустријата за електрични возила, полека стануваат фуснота во историјата на компанијата. Американскиот производител ја запре можноста за нарачка на овие два модели во Европа, што може да биде знак за нивно целосно затворање, пишува Insideevs.

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Купувачите во Европа повеќе не можат да нарачуваат нови Tesla Model S и X според сопствените желби. Американскиот производител на електрични автомобили одлучи да престане да прима нарачки и овие некогаш водечки модели ќе се продаваат исклучиво од постојните залихи. Одлуката доаѓа откако Tesla веќе го запре производството на овие модели за пазарите со волан од десна страна, како и за Кина.

На своите европски веб-страници, Tesla го отстрани конфигураторот за нарачка на нови возила, оставајќи им на клиентите само можност да купат Модел S или X од залиха. Овој потег доаѓа откако компанијата престана да произведува верзии со волан од десна страна во 2023 година, а претходно оваа година ги прекина и во Кина.

Сега кога Европа е надвор од игра, САД и Канада остануваат единствените големи пазари каде што овие сега донекаде застарени електрични автомобили се уште се достапни. Интересно е што Tesla ги освежи Model S и Х претходно оваа година со амбиентално осветлување во повеќе бои и неколку други мали промени, но во исто време ги зголеми цените, што предизвика незадоволство кај фановите на брендот.

На пример, германската веб-страница на Tesla ги пренасочува корисниците кон список на возила на залиха за Model С, но проблемот е што во моментов нема ниту едно достапно во Германија.

Во последните неколку години, податоците за Model S и Model Х се групирани заедно со Cybertruck и камионот Semi во категоријата „Други модели“ во рамките на извештаите за производство и испорака. Во првата половина од оваа година, Tesla испорача само 23.275 возила во таа категорија, додека Model 3 и Y регистрираа речиси 700.000 испораки низ целиот свет.

Сè укажува дека Model S и Model Х се приближуваат кон крајот на своето патување и веројатно е само прашање на време кога Tesla целосно ќе ги повлече од производство.