Спотифај ќе ја покачи цената на претплатата

Промената ги опфаќа корисниците во Европа, Јужна Азија, Азиско-Пацифичкиот регион, Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка.

од desk2
17 прегледи Илустрација: Снимка од екран на почетната страница на платформата Спотифај

Шведската музичка стриминг-платформа Spotify (Спотифај) најави дека од септември ќе ја зголеми цената на индивидувалната Premium претплата на одредени пазари.

Поскапувањето нема да биде преголемо – од 10,99 евра на 11,99 евра, а промената ги опфаќа корисниците во Европа, Јужна Азија, Азиско-пацифичкиот регион, Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка.

Од Спотифај нагласуваат дека оперативните трошоци им се зголемени и покачувањето на цената е дел од пошироката стратегија за зголемување на профитот.

Корисниците на кои се однесува оваа измена, ќе бидат известени со е-писмо во следниот месец, се појаснува во соопштението.