Јадењето малини можат да ви помогнат во намалувањето на килограмите

од Весна Петровска
9 прегледи

Иако не постои чудотворна храна што сама по себе може да доведе до губење на тежината, одредени видови овошје можат значително да помогнат во одржувањето на здрава телесна тежина.

Меѓу нив се издвојуваат малините. Тие се вкусни, природно слатки и богати со хранливи материи кои го поддржуваат здравиот начин на живот.

Малините се одличен избор за оние кои сакаат да ослабат или едноставно да одржат витка линија. Освен што ја задоволуваат потребата за слатки, тие содржат висок процент на влакна и антиоксиданси кои имаат поволен ефект врз варењето, апетитот и општото здравје на телото.

Само една чаша свежи или замрзнати малини содржи околу 8 грама влакна, што е околу една четвртина од препорачаниот дневен внес. Влакната помагаат во варењето, го продолжуваат чувството на ситост и придонесуваат за постабилно ниво на шеќер во крвта, со што се избегнуваат ненадејни скокови на енергија и глад.

Покрај тоа, малините содржат природни антиоксиданси како што се витамин Ц и антоцијанини, кои помагаат во заштитата на клетките од оштетување и намалување на воспалителните процеси во телото. Тие исто така дејствуваат пребиотски, хранејќи ги добрите бактерии во цревата кои играат важна улога во зајакнувањето на имунитетот.

Благодарение на нивниот состав, малините се идеален избор за здрава ужина или десерт без грижа на совеста. Можете да ги додадете во овесни снегулки, да ги измешате со јогурт или да ги користите во подготовка на здрави колачи и мафини.