Легендарниот капитен на хрватската репрезентација и долгогодишен лидер на средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, беше официјално претставен како нов играч на Милан.
Неговото доаѓање предизвика вистинска еуфорија кај навивачите на „росонерите“, а Модриќ, во свој стил, уште еднаш покажа зошто сите толку многу го ценат.
Иако официјалната презентација беше закажана за 17:00 часот, Лука инсистираше прво да одвои време за хрватските медиуми.
The Milan fans welcome Our Luka Modric 🔴⚫🎶🥹
— Real Madrid Info ³⁶ (@RMadridInfo) August 4, 2025
После тоа, следеше официјална конференција за италијанските медиуми, од кои имаше повеќе од 50, а Лука никого не остави рамнодушен.
Вистинскиот спектакл следеше во центарот на Милано, во познатата продавница за навивачи на италијанскиот гигант на Виа Данте. Таму, повеќе од илјада навивачи од сите возрасти скандираа – „Лука, Лука“. Атмосферата беше како на натпревар – емотивна, страсна и полна со возбуда.
Luka in Milan… he's so loved ❤️🖤 pic.twitter.com/Cs2dmEyjU8
— Ele 💔 (@EleModric) August 4, 2025
Модриќ фрлаше потпишани дресови од балконот, повремено спуштајќи се меѓу навивачите, давајќи автограми и враќајќи се да и мавта на толпата. Настан што многумина го споредуваат со приемите што ги имаа само легендарните Кака, Роналдињо и Ибрахимовиќ во нивниот прв мандат.
Утрово, Лука Модриќ пристигна во Миланело каде што ги помина медицинските тестови и потоа ќе го има својот прв тренинг со тимот – под водство на тренерот Масимилијано Алегри. Истиот тренер кого го надмудри во финалето на Лигата на шампионите во 2017 година, кога Реал го победи Јувентус со 4-1.
„Се надевам дека господинот не ми се лути, хаха“, им рече Модриќ на шега на италијанските новинари.