Драма во Велес: Пожарникари извлекле мајка и дете заглавени во поплавено возило

од Nikola Popovski
75 прегледи

Поради обилните дождови, пожарникарите од ноќната смена на ТППЕ Велес синоќа имале повеќе интервенции. Околу 19 часот, од поплавена улица кај поранешниот силос на „Жито Вардар“, успешно извлекоа мајка и дете од заглавен автомобил, информираат од ТППЕ Велес.

Веднаш потоа имале и уште неколку интервенции на извлекување на вода од поплавени дуќани и подруми долж главната улица „Благој Ѓорев“ која со секој пообилен дожд се поплавува поради нерешената атмосферска канализација, во новиот дел од градот, а како причина е високата ридеста конфигурација на Велес од чиишто високи  улици надолу се слева поројната вода и ги поплавува главните улици.

По интервенциите од поплави, пожарникарите од третата ноќна смена на ТППЕ Велес околу 22 часот итно се упатиле на гаснење на големиот пожар на Фабриката „Аронија“ во сопственост на ДПТУ „Мирана“ каде цела вечер интервенирале.

Големиот пожар во фабриката „Аронија“ успеале да го локализираат  во 4 часот наутро, а целосно го изгаснале утрово во 6:30 часот.