Со големиот земјотрет, Камчатка се поместила за 2 метра, а и малку се намалила по висина, но не треба да се очекуваат нови сериозни последици, вели директорот на Камчатскиот огранок на Обединетата геофизичка служба при Руската академија на науки, Данила Чебров, за Известија.
„Поместувањето е директен резултат на силен земјотрес. Затоа, таму нема да се случи ништо дополнително, освен она што следи како дел од процесот на афтершокови. А сеизмичкиот процес на Камчатка не запре сам од себе“, објаснува Чебров.