Вака изгледа новата мапа на светот на Трамп: Eве кој досега постигнал договор

од Весна Петровска
13 прегледи

Доналд Трамп на прес-конференција повтори дека нема намера да се откаже од воведувањето царини за оние земји кои нема да постигнат договор со САД, а во оваа прилика „Њујорк тајмс“ објави ажурирана мапа на светот врз основа на постигнатите царински договори.

Меѓу оние земји кои се посебна цел на Доналд Трамп е Индија, за која Трамп одлучи да воведе дополнителни царини за купување руска нафта, и покрај санкциите на САД и Европа.

„Индија никогаш нема да прави компромиси со интересите на земјоделците, рибарите и работниците во млекарството. Знам дека ќе мора да платиме висока цена за тоа и сум подготвен за тоа“, рече индискиот премиер Нарендра Моди.

Според новата царинска мапа на светот, може да се види како администрацијата на Трамп постигна договор со Европската Унија, а Швајцарија и земјите од Западен Балкан кои сè уште не постигнале договор со американската администрација се појавуваат како „натрапници“ на европско тло во овој поглед.

Босна и Херцеговина сега има царини од 30 проценти за извоз во САД. Од земјите во регионот, Србија има царински давачки од 35%, Хрватска 15% (членка на ЕУ), Македонија 15%, Косово 10% и Црна Гора 10%.

Исто така, голем број земји во Азија и Африка се предмет на новите царини на американската администрација, а исклучоци во овој поглед се Индонезија и Јапонија, кои постигнаа договор со Трамп.