Претседателот на САД, Доналд Трамп, има намера лично да се сретне со Владимир Путин уште следната недела, објавува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на две лица запознаени со планот.
Се додава дека по средбата со Путин, Трамп планира да одржи уште една средба меѓу него, Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Трамп ги откри плановите во телефонски разговор со европските лидери вчера, велат извори. На средбите ќе учествуваат само Трамп, Путин и Зеленски, без ниту еден европски колега, се додава во извештајот, според „Скај њуз“.
Украинскиот претседател рече дека Русија се чини дека е „посклона кон прекин на огнот“ по средбата меѓу американскиот претставник Стив Виткоф и Путин денес.
„Притисокот врз нив функционира“, рече Володимир Зеленски во своето вечерно видео обраќање. „Но, главната работа е да не нè измамат во деталите – ниту нас ниту САД“.