Бројот на банкроти во Германија е највисок во последните речиси 20 години, а најмногу ги погодува малите компании

од desk2
12 прегледи Фотографија: Darya Sannikova on Pexels.com

Бројот на банкроти во Германија повторно значително се зголеми, на највисоко ниво во речиси 20 години, а дополнително влошување се очекува во текот на есента, објавија денес аналитичарите од Институтот за економски истражувања во Хале (IWH), пренесува „Бизнис Инфо“

Во јули, во Германија се регистрирани 1.588 банкроти кај правни лица, што е за 12 проценти повеќе отколку во јуни, а дури и за 64 проценти повеќе во споредба со просекот од јули пред пандемијата (во периодот 2016 – 2019 година).

Ако ги исклучиме рекордните податоци за април, бројот на банкроти во Германија е на највисоко ниво во последните 20 години во јули, објавува Wirschaftsvohe.